Oвој водич е резултат на ERASMUS + "TOGETHER FOR BETTER" проектот - 2019-1-RO01-KA201-064001, образовен проект, во Клучна акција 2 – стратешко партнерство кое ја поддржува размената на добри практики во областа на образованието.

Следејќи ја главната цел, иновација, проектот се реализира во период од 2019-2021 од страна на Târgu-Jiu School for Inclusive Education како координатор, со меѓународно парнерство со Yildiz Entegre Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi од Турција, Agrupamento de Escolas Vieira de Araújo од Португалија, Посебно основно училиште "Д-р Златан Сремец" –Скопје од Македонија и Zespol Szkol Mechanicznychw Namyslowie од Полска.

Главните цели на проектот се фокусираат директно на прашањата за социјалнaта инклузија и развој на клучните компетенции, како што се: подобрување на перформансите на учениците, фокусирање на развој на дигитални вештини во специфични програми, промовирање на мотивација за учење преку спроведување на современи, атрактивни методологии за учење. Очекуваните резултати ќе се фокусираат на применето учење, преку опфаќање на трансдисциплинарноста, што го експлоатира она што го научиле учениците преку формалниот наставен план, како и преку разновидни методологии, специфични за инклузивното образование.

Според меѓународните студии за глобалниот развој, во последните децении постигнат е значителен напредок во однос на заштита и обезбедување на правата на децата, особено правото на образование. Сепак, иако постои сеопфатна рамка на алатки, стандарди и заложби за правата на децата и набудување на напредокот во оваа област, сегашната реалност за милиони деца на глобално ниво остро се спротивставува на овие обврски и цели.

Овој прирачник го сочинуваат пет единици со содржини кои опфаќаат концептуална рамка на инклузивно образование, особености во развојот на децата со посебни образовни потреби, особености на инклузивниот образовен процес, социо-едукативното партнерство и управувањето со образованието. Тој има за цел да ги обучи наставниците (едукатори, воспитувачи, наставници, психолози, логопеди, итн.), така што тие ќе ги поседуваат соодветните ставови, вредности и компетенции неопходни за ефективна активност во инклузивното образовно опкружување. Инклузивното образование е сложен, долготраен процес кој бара континуирана анализа, промена и градба за да се постигнат инклузивни политики и практики и да се обезбеди основа за инклузивна култура.

Потребно е почетниот систем за обука на наставници да вклучи програми кои комплексно го опфаќаат проблемот со инклузивно образование, што ќе доведе до стекнување на такви знаења и вештини што ќе обезбедат сите наставници да бидат запознаени со методологиите што даваат приоритет на потребите на децата, да бидат способни да предаваат во различни средини и соодветно да постигнат диференцирано учење, да ги акцентраат јаките страни на децата и да одговорат на нивните потреби.
 
Водичот може да го превземете во продолжение: