Актуелно

DIGI-FAIR во ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје

DIGI-FAIR ВО ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје!
Со гордост најавуваме дека на 13-ти и 14-ти март 2025 година во нашето училиште ќе се одржи DIGI-FAIR – завршниот настан на проектот DIGI-ABLE!
На DIGI-FAIR ќе бидат презентирани:
✅ Дигитални алатки и методи користени во наставата
✅ Фотографска изложба од сите мобилности и активности во рамките на проектот
✅ Брошури и постери со резултатите и добрите практики од проектот
✅ Конференција со експерти за инклузивно образование и дигитални технологии
Проектот DIGI-ABLE е финансиран преку програмата Еразмус+ и вклучува партнери од Шпанија, Португалија, Турција и Северна Македонија.
DIGI-FAIR - Време е за инклузија и иновација!