ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 70 ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ЗА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

 Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник  на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 229/20) и од Правилникот за начинот на побарување на образовен/личен асистент и начинот на селекција и избор на образовен/личен асистент бр. 08-9358/2  од 05.08.2022 година, одобрените согласности за вработување на определено работно време за учебната 2024/25 од Министерството за образование и наука  бр. 12-8187/3 од 30.08.2024 година и одлуката на директорот на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан  Сремец“ Скопје со архивски број 02-462/1 од 30.08.2024 објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на определено работно време на 70 стручни соработници- приправници- образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование
 
Се објавува јавен оглас за вработување на  стручни соработници- приправници - образовни асистенти на определено работно време во учебната 2024/2025 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани на следните работни места:
Стручен соработник - приправник во основно образование:
  1. Образовен асистент во одделенска/предметна настава- 54 (педесет и четири) извршители на македонски наставен јазик.
  2. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 14 (четиринаесет) извршители на албански наставен јазик.
  3. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 2 (два) извршители на турски наставен јазик.
 
 
Кандидатот треба да ги исполнува следните:
Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право
  • со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
  • да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
 
Посебни услови:
Завршено образование за:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според МРК или 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
  • поддршка на учениците со попреченост,
  • соработка со наставниците,
  • соработка со родителите/старателите
  • соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот
  • соработка со зедницата
  • комуникација и
  • остварување на резултати.
 
Распоред на работно време
  • Работни денови понеделник-петок
  • Работно време 8 часови дневно
  • Работни часови неделно 40, од кои 20  до 30 часа во директна поддршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопствената работа
  • Основен надоместок на образовниот асистент: 32,780,00 денари.
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2024/2025 година.
Потребни документи за пријавување:
  • Барање/Молба
  • CV/Кратка биографија
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,
  • Диплома/уверение  за завршено соодветно образование,                                              
  • Уверение за државјанство,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Потврда од суд за неосудуваност, (не постара од 6 шест месеци)
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право,
  • Да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци);
  • Потврда дека  не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 шест месеци)
Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот,
Документите се доставуваат во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично, во архивата на  основното училиште со ресурсен центар „ д-р Златан Сремец“ Скопје во периодот од 08.30-14.30 часот или исклучиво по брза пошта на адреса: Емил Зола бр. 5 Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.               
Во постапката за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со Комисијата.
Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред стапување на работа од соодветнo обучени обучувачи. Со избраните кандидати ќе бидаат склучени договори за вработување.
 
НАПОМЕНА:
Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да се разгледува
Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
 
                                                                                     Основно училиште со ресурсен центар
„д-р Златан Сремец“ Скопје
 
 
ОГЛАСОТ Е ОБЈАВЕН ВО ВТОРНИК НА 03.09.2024 ГОДИНА И ЌЕ ТРАЕ ДО 10.09.2024 ГОДИНА