„Образовна асистенција -предизвици во организација на квалитетна поддршка и препораки за во иднина“

Претставници од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје беа дел од Симпозиумот на тема "Ефекти од реформите во инклузивното образование во Р.С.Македонија" кој се одржа во периодот 11-13 ноември 2023 во Охрид.
Директорката на училиштето ги презентираше резултатите од истражувањето на тема "Образовна асистенција -предизвици во организација на квалитетна поддршка и препораки за во иднина".
Истражувањето беше спроведено на ниво на Р.С.Македонија во месец ноември на вкупно 1335 испитаници од страна на Одделението за едукација и координација.
На овој симпозиум заедно со сите релевантни чинители беа утврдени заклучоци и препораки за идни активности со цел подобрување на квалитетот на инклузивното образование.

Галерија