Денес со потпишувањето на меморандум директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје, Марија Делетиќ и деканката на
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје проф. д-р Билјана Камчевска го означија почетокот на една мошне значајна и неопходна соработка за двете институции.
Со оглед на фактор дека кадарот кој произлегува од овој факултет и вработените во основните училишта со ресурсен центар имаат круцијална улога во креирање и имплементирање на инклузивното образование во нашата држава, неминовно е синхронизирано делување и постојана размена на добри практики во најдобар интерес на учениците со попреченост.