По повод Еразмус деновите на ден 12 октомври 2023 во нашето училиште се организираше настан за учениците под наслов "Everybody has fun at the playground" во склоп со Еразмус + проектот IncLeisure.
Учениците проследија социјална приказна за однесување во училишниот двор и играа игра со правила за соодветно и несоодветно однесување проследени со визуелна поддршка и изработени и адаптирани од страна на наставниците во училиштето. Потоа во училишниот двор следуваше практична примена на наученото.
Овие активности се дел од Еразмус + проектот IncLeisure - проект за неформални партиципативни простори за инклузивно училишно учење. Од проектот учениците ќе имаат корист од стекнување на различни искуства и учење од нив кои ќе овозможат:
- развивање на вредности во училишната заедница како што се солидарност, почит, размислување за човековото однесување и соживот со различноста и вклученост, учество на граѓаните и чувство на припадност
- Промовирање на стекнувањето на трансверзални вештини преку неформално учење во инклузивни простори и преку учество и кооперативно учење, стимулирање на развојот на критички дух, креативност и стекнување навики за дијалог и барање консензус
- Обезбедување флексибилност на наставниците да развијат иновативни и алтернативни методи на неформално образование за да им помогнат на учениците да учат.
Проектот е во тек и крајните продукти ќе бидат прирачници за учење во неформални средини изработени заедно со нашите пратнери од Шпанија и Португалија.
Со овие активности ги одбележавме Еразмус деновите во нашето училиште.