Нашето училиште добри признание за најдобра установа за 2022 година

Чест и привилегија е да се добие признание за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2022 година од страна на Фондацијата „Проф. д-р. Љупчо Ајдински“.
Ова признание е доказ за нашата посветеност како тим, кој секојдневно се бори за зголемување на квалитетот на образованите на учениците со попреченост и несебично вложува во создавање на подготвена околина за нивно вклучување во заедницата.
Благодарност до сите кои дадоа свој придонес за ОУРЦ "д-р Златан Сремец" - Скопје да добие вакво признание!

Галерија