C3 Мобилност во рамки на проектот „Справување со предизвикувачко однесување“ во Братислава, Словачка

Во периодот од 28.03 - 02.04.2022 во Братислава, Р. Словачка, Институтот за професионална рехабилитација на лица со посебни потреби во Братислава (ИПР) беше домаќин на последната мобилност во рамки на Еразмус + проектот "Coping with students challenging behaviour".
 
Како единствена специјализирана установа во Словачка, таа обезбедува сеопфатна социјална и професионална, но и делумно медицинска рехабилитација и грижа за лица со попреченост над 15 години.
 
Заедно со партнер училиштата од Естонија и Латвија имавме можност поблиску да се запознаеме со начинот на функционирање на институтот, како и методи, техники и алатки за превенција и справување со предизвикувачко однесување кај учениците.
 
На овој настан беше финализирана и рамката за прирачникот за наставници кој ќе произлезе како продукт на овој проект.

Галерија