C2 Виртуелна мобилност во рамки на проектот „Справување со предизвикувачко однесување“ во Рига, Латвија

Во периодот од 16-18 февруари 2022 пет учесници од нашето училиште беа дел од виртуелен тренинг настан организиран од Основното училиште „Рига Валда Авотина“ од Латвија во склоп со Еразмус + КА229 проектот „Справување со предизвикувачко однесување“.

Во текот на тридневниот настан учесниците имаа можност виртуелно да проследат часови во училиштето и презентации кои имаа фокус на музикотерапија со ученици со посебни потреби, игри и игрификации во учењето, АБА техники во училиште и Вербален Бихејвиорален Пристап.

Огромна благодарност до домаќините од Латвија и партнерите од Естонија и Словачка кои ја направија оваа виртуелна мобилност динамична и забавна за сите учесници.

Во прилог на оваа вест погледнете ги сликите од виртуелниот тренинг:

Галерија