Во периодот од 20-23 септември 2021 година наставници од Латвија, Словачка и Естонија присуствуваа во нашето училиште ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје на краткорочна размена на наставен кадар во склоп со Ерасмус+ проектот „Справување со предизвикувачко однесување“.
Наставниците го посетија нашето училиште и просториите во него, запазувајќи ги мерките за КОВИД-19. Покрај посетата имаа можност да проследат презентации и работилници со тематиката на проектот и да ги зголемат своите компетенции и вештини, како и да се запознаат со ефективни стратегии и алатки за превенција и справување со предизвикувачко однесување кај учениците. Водени во размената на искуства од наставници од нашето училиште, учесниците имаа можност да се проследат презентации за „Проактивни стратегии за менаџмент за справување со предизвикувачко однесување кај учениците во ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје“, тренинг и работилница за справување со предизвикувачко однесување.
Проектот е плод на четирите училишта партнери и е фундиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
Во прилог на оваа вест прогледнете ги сликите од четиридневниот настан: