Одбележување на #ЕразмусДенови преку активности за учениците и наставниците на 15 октомври 2021!
Учениците од нашето училиште учествуваа во уметничка работилница каде заедно со нивните наставници од рециклиран материјал го изработуваа Еразмус+ логото одбележувајќи ги Еразмус Деновите; додека подоцна наставниците имаа можност да проследат презентација за нашиот тековен Еразмус+ проект "Adapted Accessibility for All - 3A" каде што се запознаа со клучните откритија од истражувањето спроведено за „Онлајн учење во посебното образование за време на Ковид-19 пандемијата“ спроведено во сите партнер држави од проектот, Романија, Македонија и Турција.
Целта на проектот е да се поттикнува пристапноста и инклузијата на учениците со посебни потреби преку квалитетно онлајн образование.