Оваа година по повод одбележувањето на 49 - от патронен ден на нашето училиште, ОУРЦ „Д р Златан Сремец“ Скопје, се одлучивме за поинакви активности.
Водени од стратешките цели на Европската зелена агенда за Западен Балкан решивме да реализираме активности со кои ќе поттикнеме размислување и делување насочено кон позелена иднина кај клучните актери во општеството, односно училиштата и учениците.
На 11.05.2021 година се одржа он-лајн активност „Вежбај, играј, живеј здраво!“ каде што учесниците вежбаа и се забавуваа со наставничката Марина по физичко и здравствено образование.
На 12.05.2021 година се одржа он-лајн вебинар „Креираме и адаптираме материјали за работа со ученици со посебни потреби“ каде учесниците се запознаа со материјалите кои нашите наставнички-специјални едукатори и рехабилитатори креираат наставни средства од рециклиран материјал.
13.05.2021 година го одбележавме со видеото во прилог, каде што учениците рецитираа песничка.
На 14.05.2021 година се одржа он-лајн работилница „Рециклирај Редуцирај Реупотреби“ каде што учесниците го креираа нашето лого од рециклиран материјал и истото ќе го кити училишниот хол во нашето училиште.
Слики од активностите во прилог.