Известување за запишување на ученици во прво одделение за учебната 2021/2022 година

Право за запишување  во прво одделение имаат:
  1. Деца родени 2015 година односно кои до крајот на календарската 2021 година ќе наполнат 6 години.
  2. По исклучок детето може да се запише во  (1) прво одделение доколку е родено до 31 јануари 2016 година, по барање на родителот и со добиено мислење од специјален едукатор и рехабилитатор и психолог од училиштето.
  3. Уписот ќе се реализира од 01.05 до 31.05.2021 година секој работен ден од 9:00 до 13:00 часот, со претходно закажување на термин кaj стручнaта служба на училиштето за запишување на тел. 02/2770-446 или елктронска пошта zlatansremec@yahoo.com.
  4. Потребната документација за упис може да се достави и по електронски пат на националниот поратал за е-Услуги: uslugi.gov.mk, оваа апликација е достапна од 01.05.2021 година.
  5.  Согласно препораките за превенција од COVID-19, сите кои влегуваат во училиштето, должни се да ги почитуваат препораките. Училиштето во континуитет презема мерки за заштита и спречување на ширење на вирусот.
  6. За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 јули 2021 година.
  7. Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
 
Потребни документи за упис:
  • Извод од матична книга на родените (фотокопија); 
  • Лична карта од родителот/старателот - на увид;
  • Потврда  за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна институција;
  • Потврда од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за офталмолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа, односно упат за закажан офталмолошки преглед;
  • Мислење/ функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;
  • За запишување на детето кое ќе наполни (6) шест години до 31 јануари 2022, потребно е  претходно родителот односно старателот да поднесе писмено Барање за запишување  во училиштето кое може да се превземе лично во просториите на училиштето и по добиено позитивно мислење од специјален едукатор и рехабилитатор или психолог.