C1 Мобилност во рамки на проектот „Справување со предизвикувачко однесување“ во Парну, Естонија

Во периодот од 25-28 ноември 2019 наставници од Латвија, Словачка и Македонија беа гости во посебното училиште Парну Паикесе Кол од Парну, Естонија во склоп со Ерасмус+ проектот „Справување со предизвикувачко однесување“. Наставниците присуствуваа на разни часови, работилници и презентации за алтернативна комуникација, употреба на PCS методот, терапија со животни, употреба на Bee Bot роботот во наставата, разни дигитални алатки и нивна имплементација во наставата. Целта беше да се споделат искуства, да се презентира педагошката работа на училиштето и како се справуваат со предизвикувачкото однесување, да се поддржи професионалниот развој на наставниците и училишниот колектив и секако, интернационална соработка.

На 28 ноември беше посетен Центарот за ментално здравје за деца и младинци во Парну, каде што менаџерот Кристијан Онапу и специјалистот за рехабилитација Еп Јурисон ја презентираа работата во разните оддели на Центарот и кои се нивните услуги кои ги пружаат на ниво на градот.

Проектот е плод на четирите училишта партнери и фундиран од Ерасмус+ програмата на Европската комисија.


Како продукт од овој проект ќе се креира електронски прирачник за справување со предизвикувачко однесување кој ќе биде достапен на 5 јазици.

Официјалната веб страна на проектот е следната: https://cscb.parnupaike.ee/

Погледнете ги во прилог сликите од посетата:

 

Галерија