Известување за почеток на второто полугодие

Почитувани, 


Ве известуваме дека согласно Календарот за организација на работата на основните училишта во учебната 2020/2021 година, второто полугодие за учебната 2020/2021 година започнува на 21.01.2021 година

Воедно, Ве известуваме дека наставата продолжува да се организира и реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година како и Алгоритмот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на Ковид-19. 

 
Со почит, 
Тимот на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје