Известување за запишување на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година

Во прво одделение се запишуваат:
  • Деца родени 2014 година односно кои до крајот на календарската 2020 година ќе наполнат 6 години.
  • Деца кои до 31 јануари 2021 ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од специјален едукатор и рехабилитатор и психолог од училиштето.
 
Информации за запишување на ученици во прво одделение:
  1. Уписот ќе се реализира од 01.06 до 30.06.2020 година секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот, со претходно закажување на термин за запишување на тел. 02/2770-446, 078 218 908, 078 268 233 или на e-mail адресата strucentimzs@gmail.com .
  2. Согласно новонастанатата состојба поради светската пандемија од COVID-19 и вонредната состојба на целата територија на РС Македонија, сите кои влегуваат во училиштето, должни се да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство. Училиштето во континуитет презема мерки за заштита и спречување на ширење на вирусот.
  3. За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 јули 2020 година.
  4. Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
 
Потребни документи за упис:
  • Извод од матична книга на родените (фотокопија);
  • Лична карта од родителот/старателот - на увид;
  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна институција;
  • Потврда од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа;
  • Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;
  • За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2021, потребно е  претходно родителот односно старателот да поднесе писмено Барање за запишување во училиштето кое може да се превземе  електронски од веб страната или лично во просториите на училиштето и по добиено позитивно Мислење од специјален едукатор и рехабилитатор или психолог.

Ве очекуваме,
Тимот на ПОУ Д-р Златан Сремец – Скопје
Директор: Марија Делетиќ