ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СПОРТСКА СЕКЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2024/25 ГОДИНА
Одговорен наставник: Марина Пешиќ
Спортската секција во оваа учебна година ќе содржи активности за развивање на основните елементи од природните движења како и полигонски игри.
Општите цели на ова секција се:
- Да формира позитивни ставови кон физичките активности; социјализација.
- Да ги подобрува психомоторните вештини: координација на природните и спортски движења;
- Да се ослободува од стрес состојби и психичка и физичка напнатост со вежбање;
- Да се развива ориентација во просторот и свесност за сопственото тело;
- Да применува здравствено – хигиенски навики за чување и унапредување на хигиената и здравјето;
Исто така дополнителна цел ни е преку активностите во Спортската секција, што повеќе ученици да можат да се оспособат да можат да учествуваат на Регионалните и Државните спортски игри организирани од Агенција за млади и спорт и Федерација на училишен спорт.
Во продолжение следат планираните активности:
Планирана активност | Конкретни цели | Време на реализација |
Запознавање со основните елементи во движењето | Вежби за основните елементи во движењето: одење, трчање, рамнотежа, фрлање, фаќање | Септември |
Одење/трчање во разни правци и со различно темпо | Да применува различно темпо на одење/трчање по потреба | Октомври |
Одење по тесна линија, јаже | Развивање на рамнотежа | Ноември |
Качување, симнување на скалички/шведско сандаче | Развивање на координација, рамнотежа и подобрување на силата на мускулите на нозете | Декември |
Фрлање - дофрлање на топка | Развивање на координација око-рака | Јануари |
Фрлање на топче во одредена цел | Развивање на координација и прецизност | Февруари |
Фаќање на голема и мала топка | Развивање на координација око-рака | Март |
Полигонски игри | Развивање на координација и концентрација | Април |
Полигонски игри | Развивање на прецизност, координација во просторот | Мај |
Полигон | Развивање на координација во просторот и активирање на сите мускулни групи | Јуни |