Нашето училиште располага со
стручна служба која се состои од:
- психолог
- специјален едукатор и рехабилитатор
- социјален работник
- логопед
Услугите кои се нудат во ресурсниот центар вклучуваат:
- психолог: индивидуален третман со ученици од редовни училишта кои по порепорака од МКФ имаат потреба од психолошки третман и мултидисциплинарен пристап во работата со учениците за поттикнување на когнитивниот развој;
- специјален едукатор и рехабилитатор: реализација на индивидуални дефектолошки третмани;
- социјален работник: помош, подршка и консултација при разрешување на проблемски ситуации со ученик, родител а поврзани со социјалните проблеми на ученикот и неговото семејство, социјалнизацијата на ученикот во училишната средина; посета на паралелките, увид и следење на облиците на социјалното однесување на учениците, настанатите промени, како и потреби од делување и советодавна работа со инклузивен тим на училиште и инклузивен тим по ученик;
- логопед: континуирана подршка на наставниците, инклузивниот тим, родителите и учениците во однос на реализација на задачите на училиштето со ресурсен центар.