Сензорната и снузелен соба се специјално дизајнирани простории кои комбинираат повеќе стимулации за да им помогнат на учениците да ги развиваат и ангажираат сетилата. Тука се вклучени светла, бои, звуци, меки сензорни предмети за игра кои се користат во безбедна средина која му дозволува на ученикот кој ја користи да истражува и да игра без ризик.
Аспекти на мултиснезорната средина:
- РЕЛАКСАЦИЈА: смирување и намалување на надразнетоста преку употреба на нежни светла, смирувачки звуци, релаксирачки мириси и текстури.
- СТИМУЛАЦИЈА: обезбедување на стимулација за сите сетила, поттикнувајќи истражување на визуелизации, музика и звуци, мириси и текстури за истражување.
- РАЗВОЈ: може да иде корисен алат за учење и развој, преку поврзување на боите, причинско-последичните врски и креирање на тематска средина за учење.
- ТЕРАПИЈА и ЕДУКАЦИЈА: разновидни интервенции може да се адаптираат за да ги пресретнат потребите на учениците кои ја користат, било за терапевтски или едукативни цели, или пак цели насочени кон сензорната опрема кои служат за смирување или стимулирање.