Психомоторна реедукација е метод кој овозможува да се отствари комуникација преку телото и моторните движења кај деца со потешкотии во говорот, односно во вербалната комуникација. Овој метод го користи
движењето како сензомоторна и психомоторна активност со кој се рекапитулира целиот развоен тек на односот кон себе и другите, формиран за време на сензомоторниот, а подоцна и психомоторниот однос помеѓу детето и светот.
Во психомоторната реедукација се применуваат општи вежби на психомоторна реедукација и специфични вежби на психомоторна реедукација.
Општи вежби на психомоторна реедукација вклучуваат:
- масажа
- хидротерапија
- вежби со пасивни движења
- вежби за доживување на телесната целина
- вежби за доживување на гестуалниот простор
- вежби за осамостојување на движењата
- вежби за воедначување на мускулниот тонус
- вежби за откривање, стабилизирање и насочување на латерализацијата
- вежби за ориентација во објективниот простор
- вежби за доживување и совладување на ритам
- вежби за процена на траењето и ориентација во време
- вежби за координација на движењата
- вежби за контрола на импулсивноста
- вежби за препознавање на формата и тежината
- вежби за воочување на присуството на друг