Проект: Инклузивен град - пристапни објекти за лица со аутистичен спектар на нарушување
Времетраење: учебна 2019/2020 година
Цел, задачи и резултати: Базенот при СЦ Борис Трајковски и Ботаничката градина при ПМФ добија визуелна поддршка за користење на дел од нивните капацитети. Целта е создавање чувство на еднаквост преку достапни услуги и пристапни објекти за лицата со АСН во град Скопје.
Поддржувач/и: Град Скопје
Проект: Поставување на пристапна рампа на влезот на училиштето
Времетраење: учебна 2018/2019 година
Цел, задачи и резултати: Кон крајот на учебната 2018/19 изградена е нова пристапна рампа на влезот на училиштето, со што им е дадена голема поддршка на учениците со телесен инвалидитет.
Поддржувач/и: Донација од „ДМ"
Проект: Правилник за заштита од експлозии и пожари и Проценка за загрозеност од природни непогоди и други несреќи
Времетраење: учебна 2015/2016 година
Цел, задачи и резултати: Во текот на учебната 2015/2016 г. изготвен е Правилник за заштита од експлозии и пожари и Проценка за загрозеност од природни непогоди и други несреќи согласно најновите законски одредби и за истиот е добиена согласност од Дирекцијата за заштита и спасување. Постојано се имплементираат активности и сегменти од овие документи. За да се зголеми безбедноста, наставникот- дефектолог, ја уредува училницата имајќи ги предвид способностите и можностите на секој ученик во одделението, така што оние средства и апарати кои можат да ја загрозат безбедноста не се на дофат на учениците.
Поддржувач/и: Дирекцијата за заштита и спасување
Проект: Замена на прозорци и врати и поставување на заштитни решетки на прозорите
Времетраење: учебна 2015/2016 година
Цел, задачи и резултати: На крајот на учебната 2015/2016г., сите прозорци во сите простории на горниот кат од училишната зграда беа заштитени со решетки и беа заменети вратите кон холовите со нови побезбедни
Поддржувач/и: Донација од АД Телеком
Проект: Предавања за пружање прва помош, заштита при пожар и земјотрес, користење против- пожарни апарати и друга опрема
Времетраење:
Цел, задачи и резултати: Предавања за пружање прва помош, заштита при пожар и земјотрес, користење против- пожарни апарати и друга опрема, а сето тоа е проследено со практични вежби и поткрепено со соодветни дидактички помагала. За време на одморите помеѓу часовите, се реализираат дежурства на наставниците кои ги следат случувањата. Изготвен е план за спасување (план за евакуација) во случај на елементарна непогода и истиот е реализиран со исцртување на стрелки за движење во ходниците. ПП апаратите , громобранското заземјување и електричната инсталација се редовно сервисирани и проверени од овластена фирма. Наставниците проследија официјална обука за заштита од пожари од овластена фирма, согласно Законот за заштита и спасување, а заедно со учениците изведена е симулација на евакуација во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување.
Поддржувач/и: