Видови на настава

Воспитно – образовниот процес во ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје се остварува според наставните планови и програми за деветгодишно посебно основно образование за ученици со пречки во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам.

Врз основа на Наставните планови и програми изготвени од страна на Бирото за развој на образованието, наставниците - дефектолози пред почетокот на учебната година изработуваат годишни и тематски планирања по сите наставни предмети и за воннаставните и слободни ученички активности. Притоа поради структурата на учениците во училиштето, како и нивните индивидуални можности и способности, дефектолозите ги адаптираат и прилагодуваат одобрените НПП од БРО за деветгодишно основно образование.
Редовна задолжителна настава која се состои од класична настава (I-IX одд.), целодневна настава (I-V одд.) и продолжен дневен престој (VI-IX одд.). 
Настава во домашни услови, вклученост на семејството во образовниот процес
Од 2015 година, училиштето поседува верификација за паралелки наменети за ученици кои се во аутистичниот спектар на нарушување.

Наставата во училиштето од I до IX одд., ги опфаќа сите наставни предмети кои се застапени во наставниот план и програма дадени од МОН и БРО.

Наставата се одвива со примена МП - модифицирана програма (креирана според индивидуалните можности и способности на учениците), но и со други методи и техники за учење кои го поттикнуваат интересот на учениците. Составен ден од наставата е и имплементирањето на ИКТ (соодветно со индивидуалните можности и способности на учениците).

Дополнителната и додатната настава се одвива редовно во рамките на распоредот на часови. Секциите по одделни предмети интензивно работат во текот на целата учебна година, преку кои учениците го надоградуваат своето знаење стекнато во наставата и го промовираат училиштето.

За вреднување на знаењата на учениците, се применува формативното и сумативното оценување зависно од периодот на полугодието со што се постигнува напредок во однос на постигнувањата на учениците согласно нивните можности и способности и понатаму насочувајќи се за уште подоследна примена на формативното оценување особено во транспарентноста и очекуваните исходи. Во училиштето се применуваат Евидентните листови за следење на развојот на учениците (изготвени од БРО, одобрени од МОН).

Училиштето располага со ресурси за претстојните промени кои следуваат согласно новиот Правилник и Закон за основно образование, кои се во корелација со мисијата и визијата на нашето училиште.

Училишни секции

Цвеќарска секцијаСекција по вештини на живеењеМузичко-ритмичка секцијаСпортска секција

Слободен изборен предмет за учебна 2024/25 година

Програмите во прилог се превзмени од Бирото за развој на образованието и адаптирани за потребите на нашите ученици. Доколку сте заинтересирани да ги прегледате оригиналните програми може да ги побарате на следниот линк
Изработки од хартија
Оригами
Моделарство, креативни идеи
Направи сам