ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МУЗИЧКО-РИТМИЧА СЕКЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2024/25 ГОДИНА
Одговорни наставници: Татјана Кировска
Во текот на учебната 2024/2025 година реализацијата на активноститите ќе се одвива после завршувањето на регуларните часови, еднаш во текот на работната недела (понеделник) и на истите ќе присуствуваат сите заинтересирани ученици.
Ќе се работи во континуитет, при тоа почитувајќи ги интересите и можностите и способностите на секој ученик, како и според програмата на музичко-ритмичката секција.
Секцијата ќе работи на реализација на активности од следниве теми:
- Слушање музика
- Изработка на инструменти од материјали за реупотреба
- Телото како инструмент
- Вокално-ритмичко изразување
- Музичка релаксација
- Ликовно изразување
Во продолжение следи табелата за реализација на активности за учебната 2024/2025 г.:
Планирани активности | Време на реализација |
- Формирање на група
- Слушање на детска музика
- Следење на ритам со раце
- Вокално пратење на дадена мелодија
| Септември |
- Вокално и ритмичко пратење на мелодија со ДМИ
- Инструментална музика
- Следење на ритам со нозе
- Изработка на кастањети од материјал за реупотреба
| Октомври |
- Слушање на забавна музика од домашни автори
- Вокално-ритмичка изведба на песна
- Следење на ритам со тело
- Музичка релаксација
| Ноември |
- Слушање на народна музика
- Изработка на тропалки од материјал за реупотреба
- Ритмичко движење
- Ликовно изразување на дадена песна
| Декември |
- Слушање на сериозна музика
- Изработка на барабанче од материјал за реупотреба
- Следење на ритам со иазработен инструмент
- Следење на ритам со ДМИ
- Вокално пратење на дадена мелодија
- Вокално-ритмичка изведба на песна
| Јануари/Февруари |
- Ликовно изразување на дадена песна
- Слушање на забавна музика од странски автори
- Изработка на чинели од материјал за реупотреба
- Следење на ритам со раце и нозе
| Март |
- Слушање на филмска музика
- Изработка на дајре од материјал за реупотреба
- Ритмички движења на телото
- Вокално-ритмичка изведба на песна
| Април |
- Изработка на жичан инструмент од материјал за реупотреба
- Следење на ритам со изработен инструмент
- Вокално пратење на дадена мелодија
- Ликовно изразување на дадена песна
| Мај |
- Слушање на музика
- Музичка релаксација
| Јуни |