Марија Монтесори го креирала својот метод на работа кон крајот на XIX век, најпрво во работа со деца со попреченост. Имено како доктор во институција за деца со интелектуална попреченост таа увидела дека покрај медицинските потреби овие деца имаат и педагошки потреби и започнала едукативна работа поттикната од работата на Итард и Сеген.
Успесите во учењето што ги постигнала со децата се сметале за сензација.
Од почетокот на своето креирање до денес оваа метода е широко распростанета низ целиот свет и дава значајни резултати во едукацијата на децата и млади како со типичен развој, така и со попреченост.
Основните начела на кои се темели поддршката на децата со попреченост се:
- Подготовка на околината според индивидуалните потреби на корисникот
- Почит на индивидуалните карактеристики на секое дете
- „Помогни ми да го сторам тоа сам“
- Слобода во јасно дефинирани рамки