Одлуката на Министерството за образование и наука (МОН) за повторно отворање на училиштатаво учебната 2020/2021 година го зема предвид фактот дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците.
За донесување на одлука за повторно отворање на училиштата се направи општа проценка на ризиците, при што се земаа во предвид епидемиолошките фактори, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.
Планот на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2020/2021 година се базира на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје.
Нашето училиште, ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје, презеде соодветни чекори, согласно со зададените препораки, со обезбедување на потребни мерки за заштита и со тоа намалување на ризикот од ширење на корона вирусот (КОВИД-19).
Во прилог може да ги проследите документите креирани со цел непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.