Поради специфичноста, можностите и способностите на децата се работи според индивидуализирани програми. Индивидуалната настава е најзастапена во едукативниот процес. Секое дете има свои потреби и свои способности врз основа на кои се врши планирањето во изведувањето на индивидуалната настава. Повратните информации кои наставникот-дефектолог ги добива од учениците го одредува развојното ниво на ученикот според кое се врши понатамошното планирање на наставата.