ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ:
KA220-SCH - 2023 "Let's move barriers"
2023-1-PT01-KA210-SCH-000151500
Еразмус проектот „Да ги поместиме бариерите“ има за цел да обезбеди квалитетно образование со поефективни и еднакви услови преку интеграција на учениците со посебни потреби со ширење на иновативни инклузивни методи во нашите училиштата, со работа на емпатијата и социјална кохезија. Со проектот сакаме да ги подигнеме квалификациите за работа со ученици со посебни потреби за иднината и продолжување на училишниот живот. Апликант на проектот е училиште од Португалија во соработка со партнери од Грција, Македонија и Турција.
KA220-SCH - 2023 "SECURER - incluSivE praCtice hUb foR tEachers and paRents"
2023-1-LV01-KA220-SCH-000150398
Еразмус проектот SECURER има за цел да ги подобри компетенциите на наставниците, нивното знаење и вештини во инклузивните практики и нивните дигитални компетенции, и воедно да промовира инклузија и диверзидитет во образованието преку тренинг центар со ресурси за онлајн учење, врсничко учење и можности за менторирање. Проектниот конзорциум составен од две невладини организации, две инклузивни училишта и едно редовно училиште од Романија, Македонија, Шпанија, Австрија и Турција, а водени од училиште од Латвија имаат за цел да ги адресираат националните проблеми поврзани со инклузивно образование, практични вештини и поддршка на наставниците со креирање и имплементација на нови практики преку споделување на искуства на Европско ниво.
KA210 - 2023 "DIGI-ABLE: Digital Accessibility for Special Education Needs Students"
2023-1-ES01-KA210-SCH-000166493
Темата на проектот е дигитална иновација за ученици со потешкотии во учењето. Целта на проектот е имплементација на инклузивна едукација на училиште и во животот и учење на сите ученици да ги почитуваат разликите и промовирање на еднакви можности. Во проектот се вклучени училишта од Португалија, Труција, Македонија и Шпанија како координатор.
РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ:
КА220 - 2022 "Building inclusive school settings (BLISS)"
2022-1-SI01-KA220-SCH-000086200
Проектот „Градење на инклузивни училишни средини“ е партнерски проект на образовни институции од Македонија, Словенија и Србија кои имаат децениско искуство во образованието на деца и млади со попреченост. Носител на проектот е Centar za usposabljanje, vzgojo in izobrazevanje "Jeneza Levca" Ljubljana, а партнери се ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје и Школа за основно и средно образование „Милан Петрович“ од Нови Сад, Р. Србија.
Проектот има за цел да развие алатки преку кои ќе се овозможи поддршка на основните училишта во самоевалуацијата на квалитетот на својата инклузивна култура и пракса. Исто така предвидува и креирање на Водич кој преку практични активности ќе ги насочува основните училишта и локалната заедница за подобрување на инклузијата во целост.
KA220 - 2021 "Inc Leisure"
2021-1-ES01-KA220-SCH-000024578
Inc Leisure проектот има за цел да го обучи воспитно-образовниот кадар за подобрување на инклузијата на децата на училишна возраст во неформални простори. Партнери на проектот се Шпанија, Македонија и Португалија, а под координација на Шпанија.
KA201 - 2020 "Child Safety Matters"
2020-1-RO01-KA201-080253
Child Safety Matters проектот има за цел поддршка на децата кои биле злоупотребени или запоставени во стекнувањето на потребните вештини и компетенции со цел успешно да се интегрираат во општествено-политичкиот живот, бизнисот, економијата, заедницата, образованието на младите итн. преку активности за социјално претприемништво, ангажирање, поврзување и зајакнување на децата во исто време. Партнери на проектот се Италија, Турција, Португалија, Полска, Македонија под координација на Романија.
Финален продукт од проектот „Child Safety Matters“:
|
|
|
KA229 - 2020 "Art/reatment with smiling receipt"
2020-1-RO01-KA229-080011
Во овој проект, имаме за цел да ги споредиме различните практики на уметноста како терапија со нашите партнери во европска димензија, зголемување на квалитетот со создавање на додадена вредност преку размена на добри практики со партнерските училишта. На размена на добри практики што треба да се спроведат во овој проект ќе ја задоволи нашата потреба за подобро интегрирање на уметничките активности училишни активности подобрување на интеркултурната димензија на наставниците и учениците. Партнери на овој проект се училишта од Турција, Полска, Романија и Грција.
KA201 - 2020 "Art Therapy for Autism"
2020-1-RO01-KA201-080184
„Арт терапија за аутизам“ КА201 проект поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус+.
Целта на овој проект е зголемување на компетенциите на наставниците за работа со ученици со интелектуална попреченост и аутизам за примена на различни форми, методии и стратегии, со акцент на примена на Арт терапијата како метод за форма на изразување.
Во рамките на овој проект 4 вработени го посетија училиштето за деца со посебни потреби Zespol Placowec Educacyjnych, Vocational school in ZPE во Олштин, Полска. Посетата беше реализирана заедно со другите проект партнери- Турција, Грција, Романија и Латвија. Целта на овој проект е размена на искуства помеѓу училиштата - партнери во имплементација на арт-терапијата при работа со ученици со аутизам. Беа одржани повеќе работилници и состаноци за размена на искуства и идеи во практичната примена на арт терапијата и нејзиниот бенефит за развојот на децата. Работилниците за арт терапија не беа само посетени, туку активно беа вклучени сите земји учесници со лични изработки и усвојување на нови техники на работа. Во текот на престојот, беа посетени и работилниците за окупациона терапија Во Олштин (во рамки на Црвениот Крст на Полска), каде се опфатени лица над 18 години и конкретно беа претставени методите, техниките и целокупниот организационен процес во окупационата терапија.
Финален продукт од проектот „Арт терапија за аутизам“:
|
|
|
KA226 - 2020 "Adapted Accessibility for All - 3A"
2020-1-RO01-KA226-SCH-095609
Проектот има за цел зголемување на компетенциите на наставниците да реализираат онлајн настава за учениците со лесна и умерена интелектуална попреченост и аутизам во 4 подрачја, и тоа: комуникација и говор, математика, запознавање на околината и грижа за себе. Заедно со нашето училиште вклучени се посебни училишта од Романија и Турција и две невладини организации од Романија.
КА201 - 2019 "Together for better“
2019-1-RO01-KA201-064001
ПОУ„Д-р Златан Сремец“ заедно со училишта од Полска, Турција и Португалија, а под раководство на Романија работат на Erasmus+ проектот „TOGETHER FOR BETTER“.
Главните цели на проектот се фокусираат директно на прашањето за социјална инклузија на учениците со попреченост и развој на клучни компетенции, како што се: подобрување на ефикасноста на учениците, со акцент на развој на вештини и дигитални компетенции во специфични наставни програми; промовирање на мотивација за учење и поголема вклученост преку примена на атрактивни методологии за учење; развивање социјални вештини како што се соработка, толеранција, преку соодветни активности како и подигнување на компетенциите на наставниците за користење специфични стратегии за интервенција во ситуации на ризик од предвремено напуштање на училиштето.
Во рамките на овој проект е создаден водич за инклузивно образование кој е плод на оваа размена, а нашето училиште беше домаќин на 5 дневна проектна активност, во која учествуваа 30 ученици со попреченост, ученици од социјално депривирани средини и 10 наставници. Како дел од активностите беше и ликовната активност на која присуствуваше и специјален гостин г-дин Живко Поповски Цветин.
Во прилог може да го разгледате водичот кој е плод на оваа размена и слики од петдневните активности кои се реализираа во нашата држава.
KA101 - 2019 „Strengthening school's capacities through the integration of CSN by using new technologies in teaching, networking and managing
2019-1-MK01-KA101-059998
ESC11 - 2019 „See the human behind - volunteering as a tool to support inclusion“
2019-2-MK01-ESC11-060546
Нашето училиште е домаќин на 2 волонтери од Германија од програмата Европски Солидарен Корпус на Ерасмус+. Волонтерите се дел од нашата секојдневна работа во училиштето секој по 12 месеци, односно една година и со имплементација на овој проект им нудиме на волонтерите можности да ги развиваат нивните лични и професионални вештини, го споделуваме знаењето и искуството во работата со ученици со посебни потреби преку директна работа со учениците и вклучување во секојдневната работа и живот во нашето училиште. Искуството е двострано, односно волонтерите ја нудат нивната креативност и знаења во нашето училиште и спроведуваат сопствени активности и поддршка на наставниците.
КА229 - 2019 "Coping with challenging behavior"
2019-1-EE01-KA229-051598
ПОУ „Д-р Златан Сремец" е дел од Еразмус+ проектот насловен како "Справување со предизвикувачко однесување" во рамките на КА229 Стратешки партнерства во училишно образование. Овој проект предвидува стекнување на знаења и јакнење на вештините на дефектолозите, потребни за справување со предизвикувачко однесување кај учениците со попреченост. Со посебни училишта од Естонија, Латвија и Словачка ќе размениме добри практики и ефективни методи за справување со овој тип на однесување.
Во прилог погледнете ги некои од реализираните активности.
Финален продукт од проектот „Справување со предизвикувачко однесување“:
|
|
|
KA101 - 2018 „Gamification in education“
2018-1-MK01-KA101-046879
Проектот „Игрификации во образованието“ е финансирана од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и мрежата Еразмус+.
Конзорциум составен од 1 посебно основно училиште, 1 основно училиште и 1 средно училиште се стекнаа со базични знаења за иновативни начини на дигитално учење и користење на учење базирано на игра, со цел создавање на постојани структури и модели за иновации за дигитална трансформација (употребата на таблети и учење базирано на игра во образованието) притоа се запознаа со концептите и алатките кои се важни за користење на учење базирано на игра во образованието.
На дисеминацијата присуствувaа наставници од повеќе основни и средни училишта и се стекнаа со базични знаења за иновативни начини на дигитално учење и користење на учење базирано на игра, со цел создавање на постојани структури и модели за иновации за дигитална трансформација (употребата на таблети и учење базирано на игра во образованието) притоа се запознаа со концептите и алатките кои се важни за користење на учење базирано на игра во образованието. Во прилог дел од атмосферата на спроведените активности.
KA201 - 2018 ASD East (Autism Spectrum Disorder - Enhancing and supporting teachers)
2018-1-UK01-KA201-047872
Во проектот „Jакнење и поддршка на специјалните едукатори“ здружението "Сина светулка" и ПОУ "Д-р Златан Сремец" во соработка со партнери од Велика Британија, Хрватска, Полска и Брисел, раководени од страна на нашите познати поддржувачи и пријатели од Универзитетот во Нортхемптон развиваа тренинг за наставници за работа со ученици со аутизам во Хрватска, Македонија и Полска.
Во прилог може да ја разгледате официјалната веб-страна на проектот и дел од реализираните активности во нашата држава преку слики.
КА101 - 2018 "Increasing competencies of special education teachers working with pupils with autism spectrum disorder"
2018-1-MK01-KA101-046856
„Зголемување на компетенциите на специјалните едукатори за работа со ученици со аутизам“ КА101 проект поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус +.
Со овој проект 10 вработени од училиштето посетија посебни училишта во Нортхемптон, Велика Британија и се стекнаа со знаења и искуства кои ги пренесоа на колегите за работа со деца со нарушувања од аутистичен спектар, потешкотии во учењето и во однесувањето и комбинирана попреченост како и нови знаења и искуства за организација на работата и начините на проценка и следење на индивидуалниот развој на учениците. Во прилог може да ги разгледате посетите и дисеминацијата на проектот.