Во 2021 година училиштето ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје се здоби со Акредитација, референтен број 2021-1-МК01-КА121-SCH-000010592, за акредитирани проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на училишното образование. Со овој проект вработените во училиштето ќе имаат можност во периодот од 2021 до 2027 година професионално да се доквалификуваат во нивната област, поддржани од Еропската Унија. 

Тренинг курс: Life coaching- Teachers wellbeing: Happy teachers for better students

Со цел спречување на професионалното согорување и стекнување знаења и вештини кои ќе допринесат за добро ментално здравје на вработените кое е еден од најважните фактори за реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес, во периодот од 18-25.03.2024 г., бевме дел од Еразмус+ обуката "Life coaching- Teachers wellbeing: Happy teachers for better students", во Прага- Чешка, а организиран од Teachers Academy. На обуката имавме можност да се стекнеме со знаења и техники за справување со "burnout", за одржување на менталното здравје и зајакнување на вештините за справување со конфликтни ситуации и ненасилна комуникација.

Тренинг курс: Drama and Experiential Learning for Inclusion

Стручните соработници од Одделението за едукација и координација и Директорот на ОУРЦ "Д-р Златан Сремец" во периодот од 03-08 јули 2023, во Крф, Грција, успешно ја завршија обуката "Drama and Experiential Learning for Inclusion", во рамките на Еразмус акредитацијата која ја има училиштето.
Во текот на изминатата недела усвојувајќи различни драма техники тие:
- ги унапредија своите компетенции за вербална и невербална комуникација
- го поттикнаа својот креативен потенцијал за решавање на проблемски ситуации
- ги подобрија своите вештини за јавно говорење.
Преку дисеминација на стекнатите знаења и вештини на своите колеги (наставници и стручни соработници-ОА) ќе го поддржат нивниот професионален развој и ќе придонесат за подобрување на инклузивнта клима во училиштето.

Тренинг курс: Designing Inclusive Learning Environments (ILE) to support all students (DILEs)

Во периодот од 03-08 април 2023 вработените од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје учествуваа на тренинг курс Designing Inclusive Learning Environments (ILE) to support all students (DILEs). Преку интересни предавања и интерактивни работилници, учесниците на курсот се стекнаа со вештини за креирање на инклузивни опкружувања. Организаторот на курсот „International House—Nice“ организираше и факултативни посети на културно-историски места во околината на Ница, Франција.

Тренинг курс: Holistic Approach to Adult Education

Дел од тимот стручни соработници од нашето училиште во периодот од 18 - 24 август 2024 год. учествуваше на обука „Holistic Approach to Adult Education: Soft Skills, Mindfulness, and Digital Mastery“, во Сплит, Р. Хрватска. Стекнатите знаења ќе допринесат до подигање на квалитетот на нашите ресурсни услуги и воспитно – образовната работа со учениците.