Учењето на далечина дава резултати

Почитувани наставници, ученици, студенти

Драги родители,


Дозволете да информирам дека на предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија донесе уредби со сила на закони со кои се предвидува основните и средните училишта, како и високо образовните установи и јавните научни установи да организираат далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација.

Знаењето е најмоќната алатка за остварување личен успех. Затоа да не дозволиме образовниот процес да биде во застој, туку напротив да се заложиме тој непречено да продолжи и во овие вонредни и тешки околности за сите нас.

 
Тоа е наша заедничка обврска!
Еднаш седмично ќе бидат поставувани, односно ажурирани наставни содржини/ линкови и насоки за реализација на наставата во домашни услови.

Континуитетот во стекнување на знаења и вештини за нашите ученици е од исклучително значење. Затоа во перидот што доаѓа потребен е Вашиот комплетен ангажман со цел да имаме позитивни резултати на кои сите заедно ќе се радуваме.


Со почит,
Тимот на ПОУ "д-р Златан Сремец"

Учиме од дома