ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЦВЕЌАРСКА СЕКЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2024/25 ГОДИНА

Одговорен наставник: Александра В. Чанаковска, Билјана Живковска, Ана Јанушевска

Тема 1: Цвеќе во двор и саксиско цвеќе - услови и одгледување
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Запознавање со целите и задачите на секцијата
  • Запознавање со алатите за работа при одгледување на цвеќињата
  • Услови за одгледување саксиско цвеќе
  • Формирање на секцијата
  • Преглед и запознавање со лопатки, ашови, гребла, ведра за вадење и сл.
  • Откривање на потребни, неопходни услови за одгледување (саксии и нивна големина, тресет и разни видови ѓубрива)
  • Откривање на погодна почва за одгледување на цвеќиња и соодветна прихрана 
  • Формирање на групи за практично работење
  • Обиди за ракување со соодветните алати
  • Практично претставување на саксиите и нивната големина и различните видови на ѓубрива
  • Запознавање со почвата за засадување и одгледување на есенски растенија преку практични примери
Септември
Октомври
Тема 2: Есенски совети за нашата градина
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Корелативни активности со предметот ПН/ОПН во делот на карактеристики на есента
  • Да се запознаат со техники и методи за грижа на растенијата во есен
  • Карактеристики на есен
  • Запознавање со техники и методи во грижа на растенијата во есен
  • Запознавање со карактеристиките на есента преку набљудувања
  • Отстранување ги сите гнили плодови од земјата околу растенијата бидејќи може да привлечат разни штетници
  • Отстранување на заболените листови
  • Правење на канта со ѓубриво/компост
Ноември
Тема 3: Нега на растенијата во затворен и отворен простор
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Да се запознае со полезноста од осветлување
  • Да се запознае со полезноста од наводнување
  • Да се запознае со полезноста од потхранување
  • Нови насади и реорганизација на зелените површини
  • Следење на состојбата на растенијата што се наоѓаат во близина на тие или други извори на топлина
  • Потреба од зголемување на нивото на влажност околу нив
Декември
Тема 4: Видови погодни за новогодишна и божиќна декорација
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Да се запознаат со различни растенија погодни за Новогодишни и Божиќни декорации
  • Божиќна ѕвезда, Поинсетија (Euphorbia pulcherrima)
  • Божиќни венчиња
  • Изработка на новогодишни и божиќни аранжмани
Декември
Тема 5: Декоративни мали грмушки
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Да се запознае со зимзелените растенија
  • Запознавање со зимзелени растенија во саксии
  • Практично претставување на зимзелените растенија во блиската околина
Јануари
Тема 6: Време е за чај!
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Запознавање со растенија од кои се прави вкусен чај
  • Брусница, овошни чаеви
  • Нане
  • Липа
  • Камилица
  • Ѓумбир
  • Препознавање на растенијата од кои се прави чај
  • Правење и дегустација на чаеви
Февруари 
во континуитет
Тема 7: Првите пролетни цвеќиња
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Да ги препознава првите пролетни цвеќиња
  • Да разликува неколку видови пролетни цвеќиња
  • Растенија - имиња и видови
  • Запознавање со весниците на пролетта и запознавање со нивните карактеристики
  • Ракување со одредени алати за одгледување на првите пролетни цвеќиња
Март
Тема 8: Од семе до цвет
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Запознавање со различни видови на семиња
  • Стекнување на нови знаења и искуства во одгледување на растенијата од семенски материјал
  • Грав
  • Пченица
  • Практични активности ('ртење, садење на семе и грижа за истото до појава на цвет)
Април
Тема 9: Негување на засадени растенија
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Да се запознаат со посебните својства за одгледување и нега на засадените растенија
  • Обезбедување оптимални услови за растење
  • Поливање
  • Отстранување на суви делови
  • Воочување и практично анализирање на условите за растење на растенијата
  • Воочување на влажност на почвата
Мај
Тема 10: Заштита и нега на цвеќињата
ЦелиСодржиниАктивностиВреме на реализација
  • Да се запознаат со начини на негување на растенија за време на летниот период
  • Заштита и прихрана на саксиските цвеќиња за време на летото
  • Групна и самостојна работа на учениците со прихрана за цвеќињата
Јуни