Алтернативна и аугментативна комуникација претставува начин на изразување инаков од вербалната експресија.
Целта на оваа форма на комуникација е
зголемување (аугментативно) и/или
компензирање (алтернативно) на комуникацијата кај ученици со потешкотии во говорот.
Комуникацијата е многу важна за секое човечко суштество, бидејќи преку неа тоа е во интеракција со други лица, учи, ужива и е дел од општеството. Денес, благодарение на овие системи за алтернативна и аугментативна комуникација, ограничувањата за учениците со потешкотии во вербалниот говор се намалуваат.
Алтернативната и аугментативната комуникација вклучува системи на симболи, и тоа:
- графички (комуникатори, компјутери, таблети, табли и книги за комуникација) и
- гестуални (мимика, гестови или сигнали со рака).
Разните системи се одбираат и адаптираат на потребите на ученици од различна возраст и според моторните, когнитивните и јазичните вештини.
Системите за алтернативна и аугментативна комуникација се само медиум или неопходен услов за учениците со потешкотии во говорот да бидат во можност да комуницираат, да ги развиваат своите способности и да бидат дел од светот кој ги опкружува.